Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Гледачите незадоволни од црногорскиот избор за Евросонг: „Песната ќе добие 0 бодови и ќе заврши на последно место“

Црна Гора синоќа го избра својот претставник за Евровизија 2025 година. На интерниот натпревар „Монтесонг“ беше избрана групата „НеоноеН“ со песната „Кликбејт“.

„НеоноеН“ е алтернативен инди-рок бенд од Подгорица, составен од пејачот Марко Вукчевиќ, гитаристот Илија Пејовиќ, басистот Филип Вулановиќ и тапанарот Милан Вујовиќ. На сцената се од 2012 година, кога бендот го основаа Марко и Илија.

Фановите на Евровизија ѝ дадоа најголеми шанси за победа на пејачката Нина Жижиќ и нејзината песна „Welcome“. По прогласувањето на победникот, на социјалната мрежа Икс беа објавени бројни коментари. Некои не беа ентузијасти за песната што следната година ќе ја претставува Црна Гора во Базел.

„Кој го напиша текстот за оваа песна? Средношколец?“, „Најлошиот можен избор“, „Црна Гора повторно не влезе во финалето, пред другите песни да ја видат светлината на денот“, „’Кликбејт’ има потенцијал за 0 бодови и последно место во полуфиналето“, „Што не е во ред со вас?“, „Песната е хаос“, „Оваа песна е како татко што се обидува да биде кул, па користи случајни изрази што ги слушнал и нема поим што тие значат“, се само дел од коментарите на Икс.

Некои сепак се задоволни од изборот. „Интересен избор“, „Црна Гора може да се гордее со постигнатото. Навистина го очекував најлошото, но многу добро поминаа“, пишуваат некои корисници на Икс.

Елена Ристеска го освојува регионот: Вечерва ќе настапи на црногорскиот избор за песна на Евровизија со песната „Мука ми је“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот