Фото: US Open Tennis Championships/FB

ВИДЕО | Ѓоковиќ пристигна во Шангај и веднаш порача: Дојдов по трофејот

Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Шангај каде што ќе учествува на еден од најпрестижните АТП турнири во Азија.

Србинот, кој од следната недела ќе се најде на петтата позиција на АТП листата, не ја крие дека неговата цел е освојување на турнирот.

„Секогаш сум се чувствувал одлично во Шангај. Победив четири пати, зошто да не го повторам тоа? Кинезите се навистина топли и гостопримливи, а турнирот секогаш е организиран на врвно ниво. Очекувам успех и, што е најважно, да уживам на теренот“, изјави Ѓоковиќ по пристигнувањето.

Шангај е еден од омилените турнири за Ѓоковиќ, а успеа да го освои во: 2012, 2013, 2015 и 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот