Фото: Sergei Babenko / Alamy / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Гинеколог ja откри најбизарната работа што ја извадил од вагина на пациентка: Се наоѓаат секакви работи, но ова е премногу

Одењето кај гинеколог на годишен преглед треба да биде важен датум во календарот на секоја жена. Дури и ако не се сомневате во некои симптоми, сепак ви треба преглед за да бидете сигурни дека сте здрави.

И додека пациентите се тие на кои им е непријатно, се случува на лекарите да им биде многу понепријатно. Докторот Марко Каликс ги користи социјалните мрежи за да информира повеќе жени за задравјето и состојбите на репродуктивните органи.

Освен што ги споделува своите искуства, тој често објаснува и некои необични случаи кои му се случиле. Едно од неговите видеа го нарече: „Најчудните случаи што ги доживеав како гинеколог“.

„Не го пропуштајте ова бидејќи ќе биде интересно“,  ја започна приказната и се присети на пациентката која дошла кај него видно вознемирена бидејќи не можела да заспие.

Преку прегледот ја утврдил причината за нејзината вознемиреност и несоница.

„Кога го ставив спекулумот, помислив дека е некаква јадица. На крајот видов дека тоа е лебарка што морав веднаш да ја отстранам – рече тој.

Марко објасни дека ова не е прв пат да наиде на чудни и бизарни случаи, бидејќи морал да вади кондоми од некои жени, да одглавува играчки за возрасни и слично.

Тој објасни дека не му е јасно како лебарка завршила во вагината.

Видеото стана вирално и за рекордно време собра многу хумористични коментари, додека некои се обидоа да ја сфатат „мистеријата“.

@drcalix.hn #storytime #drmarcocalix #ginecologo #casosclinicos ♬ Love Is Gone Slandeeer – EL Locco

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот