Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Герасимовски фати да гo чисти ѓубрето околу контејнерите во Центар

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, рече дека општинските екипи ќе продолжат со чистење на контејнерите и на зафатените паркинг места доколку ЈП „Комунална хигиена“ не ја заврши својата работа.

Градоначалникот Горан Герасимовски синоќа заедно со општинските хигиеничари учествуваше во чистење на натрупаниот отпад околу контејнерите на неколку локации во Центар.

– Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие (ЈП „Комунална хигиена“) и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за да ги решаваме проблемите заедно. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот – изјави Герасимовски на терен.

Тој посочи дека акцијата продолжува динамично за да се нормализира состојбата што побргу.

– Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Утрото продолжуваме, заедно со хигиеничарите, да ги средуваме другите населби, една по една. Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи градот почист. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на Градот – додаде Герасимовски.

Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

ФОТО | Скопје длабоко „тоне“ во ѓубре – граѓаните нервозни, улиците смрдливи, отпадот несобран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот