Гоце Георгиевски/фото: rkvardar.com.mk

ВИДЕО | Голот на Георгиевски во Топ 5 на колото во Европската лига

Успешен старт имаа ракометарите на Вардар во новата сезона од ЕХФ Европската лига со победата во Скопје над исландскиот Валур.

Скопските „црвено-црни“ блескаа во СЦ „Јане Сандански“, најголем придонес во триумфот имаа Борозан и Срдановиќ со по шест голови, додека голманот Еспиња забележа 15 одбрани.

Еден од головите во таа победа се најде во Топ 5 голови на колото во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Цепелинот на десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски се најде на третата позиција.

Во групата Ф во вториот натпревар Мелсунген со 29:24 славеше против Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот