Фото: EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

ВИДЕО | Габигол херој, Фламенго шампион на Јужна Америка

Фламенго е новиот шампион на Јужна Америка откако во финалето на Копа Либертадорес го совлада Атлетико Параненсе со голот Габриел Барбоса.

Поранешниот играч на Интер кој не успеа да се наметне во Европа, ја искористи одлична асистенција на Евертон Рибеиро во судиското продолжение од првиот дел и го постигна одлучувачкиот гол на натпреварот. До крајот на натпреварот Фламенго ја задржа предноста против ривалот од Бразил.

Фото: EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

Треба да се знае дека Атлетико претходно остана и со играч помалку, па секако дека и тоа влијаеше на обидите да стигне до изедначувачки гол. За Фламенго ова е трета титула во Либертадорес купот.

Покрај Габигол во тимот на Фламенго и играа играчи кои до скоро освојуваа трофеи во Европа како Артуро Видал, Давид Луиз и Фелипе Луиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот