ВИДЕО: Француската полиција растури пеколна рејв журка: Толпата возврати со шишиња и камења

За време на новогодишната ноќ, во Франција беше организирана масовна илегална рејв забава на која присуствуваа илјадници луѓе.

Забавата беше организирана во празен магацин во мал град јужно од Рајна во провинцијата Бретања на северозападот на Франција, а на неа учествуваа околу 2.500 луѓе.

Толпата се судри со полицијата кога органите на прогонот се обидоа да ги растераат, но безуспешно, предизвикувајќи загриженост дека настанот може да придонесе за ширење на коронавирусот.

Според Гардијан, посетителите влегле во судир со полицијата, која се обидела да ја прекине забавата, а многумина од нив биле на локацијата и денес, додека околу нив бил поставен санитарен кордон.

Локалната полиција се обиде да го спречи инцидентот, но се соочи со силен револт и отпор од учесниците, кои запалија еден од нивните автомобили и фрлија шишиња и камења, се вели во соопштението.

Исто така, меѓу учесниците имаше и луѓе кои доаѓаа од различни делови на Франција, па дури и од странство.

Ваквите масовни собири се забранети во Франција, каде во моментов е во сила полицискиот час од осум часот навечер, а оваа мерка не е ублажена ниту за Нова година.

Обвинителството започна истрага за незаконско организирање настани и насилство врз полицајци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот