EPA-EFE/SRDJAN SUKI

ВИДЕО: Француски маратонец го направи најнеспортскиот потег на Игрите

Олимписките игри треба да претставуваат олицетворение на спортскиот, витешки дух, но не секогаш е така. Иако на Игрите во Токио спортисти меѓу себе си делеа медали, си помагаа едни на други, делеа златни медали, на последниот ден од 32. Летни олимписки игри се случи момент кој сигурно ги налути сите љубители на спортот. Главен негативец е францускиот маратонец Морхад Амдуни.

Машката маратонска трка поради топлото време и големата влажност не се одржа во Токио, но и покрај тоа дури 30 маратонци се откажаа од трката.

Потегот поради кој Амдуни го доби епитетот на главен негативец на Игрите беше забележан од камерите и се случи на 28 километар од трката. Имено, кога група маратонци поминуваше покрај столот на кој беа наредени шишиња со вода, Амдуни одлучи да ги турне сите шишиња и потоа последната која остана да ја земе за себе.
Ваквиот неспортски потег не му донесе голема корист на Французинот бидејќи трката ја заврши на 17 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот