
ВИДЕО | Филипче: Правда за Кочани нема да има, власта ги штити своите функционери
Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во одоговор на новинарско прашање поврзано со новите откритија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за трагедијата во Кочани, изјави дека се потврдило тоа што и СДСМ го зборувало во јавноста дека власта направила сѐ за да си ги заштити своите функционери.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи сѐ да ги заштити свои функционери во истрагата за Кочани и еве сега гледаме дека практично тие биле многу чести гости и привилегирани гости на таа дискотека“, изјави Филипче.
Тој потенцираше дека токму поради јавните настапи и прес-конференции на СДСМ биле обелоденети значајни информации и факти, кои инаку не би биле дел од официјалната истрага.
„Да не беа нашите прес-конференции во коишто обелоденувавме многу работи и факти огромен дел и од тие што беа опфатени немаше да бидат опфатени со истрагата. Жалам што морам да констатирам дека вчера мислам дека го видовме најгрдото лице на оваа власт“, истакна
Филипче.
Тој додаде дека СДСМ останува посветен на барањето за целосна, независна и неселективна истрага, со цел да се утврди вистинската одговорност и да се обезбеди правда за жртвите и граѓаните.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска рече дека секој што на каков било начин и во каква било форма има поврзаност со случајот Кочани, треба да биде изведен пред лицето на правдата.