Венко Филипче/Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

ВИДЕО | Филипче до Мицкоски: За јазикот никогаш не се преговарало, тоа беа нашите црвени линии

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната седница на пратенички прашања, упати предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.

„Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.

Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик,“ рече Филипче.

Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.

„Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме,“ рече Филипче.

Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.

„Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи,“ рече Филипче.

На крај, апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.

„Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи,“ истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот