
ВИДЕО | Фернандеш во 92 минута му донесе триумф на Манчестер јунајтед во Лигата на Европа
Фудбалерите на Манчестер јунајтед остварија голема победа на домашен терен против Глазгов Ренџерс откако го совладаа шкотскиот гигант со 2:1 во седмото коло од Лигата на Европа.
Препорачано
Во текот на првото полувреме играчите на Јунајтед, Де Лихт ја затресе мрежата на Шкотите, но по ВАР снимката се покажа дека поранешниот ас на Ајакс, Јувентус и Баерн претходно направил прекршок и голот беше поништен.
Немаше погодоци во првите 45 минути, но на стартот од вториот дел во 52 минута англискиот претставник доаѓа во позитива. Во 52 минута од корнер Ериксен ја испрати топката во шеснаесетникот, а голманот на Ренџерс Батленд направи очајна реакција и си постигна автогол.
Како што се ближеше крајот на натпреварот, играта стануваше се пожестока, и двете екипи можеа да постигнат барем по еден гол, но играчите на Ренџерс беа поприсебни во последните моменти од натпреварот. Гостите од Глазгов израмнија со голот на Сирил Десер, кој ја искористи лошата реакција на Мегваер и му донесе одлично израмнување на својот тим и си ги зголеми надежите за пласман во осминафиналето.
Но, во финишот во 92 минута Бруно Фернандеш го предводеше Јунајтед до голема победа, откако одлично го искористи центаршутот на Лисандро Мартинез и на тој начин го одведе својот тим во следната рунда на едно коло пред крајот на регуларниот дел.
Лига Европа, седмо коло
Четврток, резултати:
АЗ Алкмаар – Рома 1:0, Бодо Глимт – Макаби Тел Авив 3:1, Порто – Олимпијакос 0:1, Фенербахче – Лион 0:0, Хофенхајм – Тотенхем 2:3, Малме – Твенте 2:3, Плзен – Андерлехт 2:0, Карабах – ФЦСБ 2:3, Ајнтрахт Франкфурт – Ференцварош 2:0, Елфсборг – Ница 1:0, Лацио – Реал Сосиедад 3:1, Лудогорец – Митјиланд 0:2, Манчестер јунајтед – Ренџерс 2:1, ПАОК – Славија Прага 2:0, РФС – Ајакс 1:0, Ројал Унион СГ – Брага 2:1.
Табела: Лацио 19 бодови, Ајнтрахт Франкфурт 16, Атлетик Билбао 16, Манчестер јунајтед 15, Лион 14, Тотенхем 14, Андерлехт 14, ФЦСБ 14…