Никола Јокиќ во родниот Сомбор ја прими МВП наградата/Фото: jokicnikolaofficial/instagram

ВИДЕО: Еве како се подготвуваше МВП изненадувањето за Јокиќ во Сомбор

Никола Јокиќ, центарот на НБА клубот Денвер нагетс во родниот Сомбор во штала ја доби наградата за најкорисен играч во лигата (МВП).

Втора година по ред српскиот интернационалец доаѓа до признанието благодарение на своите игри сезонава, иако неговите Нагетси беа елиминирани уште во првата рунда од плеј-офот на Западната конференција.

Јокиќ беше пријатно изненаден од делегацијата од Денвер предводена од тренерот Мајк Мелоун која допатува во Србија.

Српскиот кошаркар стигна пред шталата со коњ, пречекан со музика, го погодија емоциите и заплака. Со своите најмили ја сподели огромната среќа.

Еве како се подготвуваше изненадувањето за Јокиќ, погледнете го целото видео во кое се гледа како му го врачуваат МВП трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот