Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Емил Рајковиќ прогласен за тренер на сезоната во ВТБ лигата
Македонскиот тренер на рускиот кошаркарски клуб ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер во ВТБ лигата за сезоната 2022/23.
Препорачано
Под водство на нашиот 44-годишен стручњак, ЦСКА Москва оствари 30 победи во 32 натпревари и победи во регуларниот дел од ВТБ лигата.
Во првото коло од плеј-офот неговиот клуб го победи Автодор (3:0), а во полуфиналната серија до 4 победи се среќава со Локомотив-Кубан.
Покрај тоа, ЦСКА Москва постави пет рекорди во Лигата: најдобар почеток на сезоната (24-0), најдолга победничка серија (24 победи по ред), 30 победи во една регуларна сезона, 14 натпревари со 100 поени или повеќе и најдобар учинок во регуларниот дел од сезоната (95,6 поени по натпревар).
– За мене е голема чест што ја добив наградата. Но, верувам дека овој трофеј не се доделува на една личност, туку на целиот тим: играчи, тренери, персонал и управа. Нашиот тим го заслужи за одличната сезона, за победите и сите рекорди. Но, најважната цел допрва доаѓа, а сите наши мисли се насочени кон следните натпревари кои се поважни – вели Рајковиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
46мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5