
ВИДЕО | Експерт од Харвард открива: Формула за пресметување на идеалното време за спиење
Ако имате проблем со будењето и се чувствувате изморено и покрај тоа што доволно сте спиеле, проблемот веројатно е во времето кога легнувате. Според зборовите д-р Чарлс Пуза, времето во кое одите во кревет е клучно за да ги поминете сите важни фази од сонот.
Препорачано
Во видео споделено со неговите 811.000 следбеници на Инстаграм, дерматологот образован на Харвард и Дјук откри едноставна формула за пресметување на „совршеното“ време за спиење, што ќе ви помогне да поминете низ максималниот број циклуси на спиење.
Циклусите на спиење се состојат од четири фази кои постепено стануваат подлабоки. Четвртата и најважна фаза на спиење е РЕМ. Тоа е од клучно значење за емоционалната обработка и когнитивните функции, а исто така е и фаза во којашто најверојатно ќе сонувате. Секој циклус на спиење трае околу 90 минути, но ако вашиот аларм се вклучи во најкритичниот момент, може да ја пропуштите најкорисната фаза од спиењето. Експертите велат дека идеално време за будење е на крајот на целиот циклус или на самиот почеток на новиот циклус.
На здрав возрасен човек му требаат околу седум до девет часа сон навечер. Ова значи дека една личност поминува низ приближно пет или шест циклуси на ноќ. Д-р Пуза вели дека првиот чекор во пресметувањето на вашето совршено време за спиење е да изберете дали сакате да имате пет или шест циклуси на спиење, во зависност од тоа што е реално за вас. Потоа, тој предлага да додадете 15 минути, за да си дозволите да заспиете.
„Ако сакате пет циклуси, тоа се седум часа и 45 минути, а шест циклуси се девет часа и 15 минути. Да речеме дека мора да станете на работа во 7 часот наутро. Едноставно одземете го бројот на циклуси (пет или шест) и вашето идеално време за спиење ќе биде 21:45 или 23:15 часот“, рекол тој.
View this post on Instagram
Сепак, судејќи според коментарите, најголемиот проблем на многумина е заспивањето.
„Лежам во кревет со часови пред конечно да заспијам, без разлика колку сум изморен. „Да заспиеш за 15 минути би било вистинско чудо“, коментирал еден корисник на Инстаграм.
Д-р Пуза истакнал дека добриот сон е клучен за забавување на стареењето, обновувањето на мускулите, меморијата и здравјето на мозокот. Хроничниот недостиг на сон го зголемува ризикот од дебелина, срцеви болести и дијабетес тип 2, покажуваат бројни студии.
Несоницата може да биде предизвикана од стрес, анксиозност, алкохол, кофеин или никотин, бучава, работа во смени… Ако редовно имате проблеми со спиењето, постојат едноставни начини да го подобрите спиењето. Ова вклучува одржување на редовни часови на спиење, останување активни во текот на денот и создавање мирен простор за спиење.