Фото: pexels-yaroslav-shuraev

ВИДЕО | Ефикасен трик кој ќе ви го олесни животот: Исчистете ја облеката од влакна со само едно перење

Сопствениците на домашни миленици многу добро знаат колку е предизвик да се отстранат влакната од облеката. Без разлика колку често го чистиме домот и користиме собирачи на влакна, тие сепак тврдоглаво се држат до ткаенината и се наоѓаат во нашите гардероби.

Сепак, постои едноставно решение кое може да го ублажи овој проблем при перење алишта во машина за перење.
Елен, сопственичка на куче и корисничка на социјалната мрежа ТикТок, го сподели својот трик кој ѝ помага да се справи со влакната на нејзината гардероба.

@kiki.bordercollie Don’t try on silk, athletic clothes and other super delicate materials ? #dogmom #dogmoms #dogmomtips #dogsoftiktok #dogtips #dogmomaf #bordercollie #bordercolliesoftiktok #doghair #trendingvideo ♬ Brazim bruno – itsmeunise

Со оглед на тоа дека расата која ја чува Елен е раса на која многу и опаѓаат влакната, особено во преодните периоди кога се менуваат температурите, Елен најде начин без напор да го отстрани вишокот влакна при перењето.

Тајната е во додавањето на една едноставна работа

Во своето вирално видео, Елен покажа како при перење алишта додава пластичен виклер за коса директно во барабанот на машината за перење.

Откако ќе заврши циклусот на перење, виклерот е покриен со влакна, додека облеката е видливо почиста.

На што треба да обрнете внимание?

Иако овој трик изгледа многу корисен, има некои предупредувања што треба да ги имате на ум. Овој метод не е погоден за свила, спортска облека и други многу нежни материјали, бидејќи виклерот може да ги оштети.

Исто така, треба да се избегнува употреба на волнени и плетени ткаенини, бидејќи може да дојде до влечење на конецот.

Многу корисници на социјалните мрежи веќе го испробаа овој трик и ги споделија своите искуства. Додека некои се воодушевени од едноставноста на решението, други предупредуваат дека е важно да се биде внимателен со типот на ткаенината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот