
ВИДЕО | Едвај се спаси: Жена се обиде да го бакне Том Круз на затворањето на Олимписките игри
Затворањето на овогодинашните Олимписки игри во Париз го одбележа настапот на познатиот актер Том Круз, а сега на социјалните мрежи се споделува видео од еден незгоден момент во кој се најде актерот за време на церемонијата.
Препорачано
Имено, на видеото е прикажан Том Круз како ги поздравува фановите на затворањето на Олимписките игри во Париз. Во еден момент една обожавателка му пришла на 62-годишниот актер и се обидела насилно да го бакне, но актерот во тој момент успеал да ја сврти главата и сето тоа да остане неприметно пред пошироката публика.
Но, откако се прошири видеотот корисниците на Икс почнаа да пишуваат дека тоа било непримерно и дека жената не требала така да се однесува.
„Го видов, не можев да поверувам“; „Замисли да се сменат улогите“; „Никој никогаш не треба никому да го прави она што таа го направи на никого, било да е тоа славна личност или некој друг. Не можеш да грабнеш и бакнеш lичност која не ја ни познаваш, не ја знаеш. Тоа беше многу грубо, но Том Круз остана љубезен“; „Некоја чудна жена го злоставуваше Круз на Олимпијадата“; „Тој изреагира добро“; „Ова е толку срамно“, беа дел од коментарите.
Да потсетиме, Том Круз го украде целото внимание на официјалното затворање на Олимписките игри во Париз 2024. Актерот се симна на јаже на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, со што ја фрла публиката во транс. Потоа го зема знамето и со мотор се „упати“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион и да позира покрај знакот Холивуд во однапред снимена секвенца.
Свеченото затворање го одбележаа и настапите на француските бендови, како и претходно подготвените снимки од настапите на американските ѕвезди кои најавија одржување на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
How’d that lady almost make out with Tom Cruise on international TV ?#ClosingCeremony pic.twitter.com/IxtmIUPdcA
— Georgia Rose ?? ? (@Rasheeda_S) August 11, 2024
ВИДЕО | Том Круз го украде шоуто на затворањето на Олимписките игри: Се спушти со јаже на стадионот