Фото: Принткрин/Јутјуб

ВИДЕО | Едно ноќевање чини 4000 долари: Погледнете како изгледа кабината на еден од најголемите крузери на светот

Јутјуберот Брајан Џејмс неодамна сподели видео во кое се гледа како изгледа семејната кабина на крузерот за крстарење „Utopia of the Seas“, за кој се вели дека е еден од најголемите во светот.

Луксузната кабина чини 4.000 долари (3.838 евра) од ноќ. Брајан работи како музичар на брод за крстарење, а се качи на 22 октомври минатата година и таму ќе биде до 7 март.

Апартманот е полн со интересни карактеристики, а една од нив се скалите на кои свират тонови на пијано додека одите по нив. Има и електронски завеси, а детската соба е опремена со кревети на кат и секој кревет има свој ТВ и слушалки.

Кабината е распоредена на два ката, со вкупно три спални соби. Брајан ги покажа пространите бањи, ѕидовите со обоени прозорци и огромната магнетна табла за децата. Посебен хит е внатрешниот тобоган што води од горниот кат до долниот.

Ако тоа не е доволно, станот нуди приватно кино со најнови гејмерски конзоли.

Приватен батлер е достапен 24 часа на ден.

Брајан покажа како на терасата има топла када, маса за пинг-понг и трпезарија со прекрасен поглед на морето. Гостите во апартманот добиваат и приватен батлер достапен 24 часа на ден за исполнување на секоја нивна желба.

Видеото привлече внимание, а многумина останаа воодушевени од необичната содржина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот