Фото: Притнскрин / ТикТок

ВИДЕО | Една година чекале резервација во најбараниот ресторан: Кога конечно дошле на вечера, доживеале измама

Листите на чекање за резервација на маса во елитните ресторани стануваат сè подолги и почести, нешто што една корисничка на ТикТок од Њујорк може да го потврди. Но, тоа што чекала една година за да ја проба вкусната храна од најбараниот ресторан, не е најголемиот проблем во целата приказна.

Она што е шокантно за искуството на оваа млада девојка, е дека се работи за измама. Резервацијата за најбараниот ресторан во Менхетен била тешка, затоа што тој не постои.

Приказната на оваа тиктокерка е всушност доста отрезнувачка и зборува за тоа колку лесно можеме да бидеме излажани од информациите што ги добиваме на Интернет, без никаква доза на сомнеж и проверка.

Девојката од видеото објаснува за тоа како успеала да резервира маса за вечера во ресторанот во Њујорк, во која било невозможно да се влезе порано, бидејќи како што пишувало на веб-страната, бил резервиран една година однапред, а имал одлична оценка и рецензии.

Но, се работело за група млади момчиња кои на шега ја именувале куќата во која живеат како ресторан „Мерханс Стејк Хаус“, по нивниот пријател Мерхан. Нивните пријатели на интернет оставиле одлични препораки за ресторанот.

Шегата отишла дотаму што тие решиле да направат ресторан за една вечер. Околу 900 њујорчани се пријавиле на листата на чекање, а минатата недела 140 од нив добиле повик дека имаат резервирана маса.

Но, гостите не знаеле дека нивниот оброк ќе го послужат млади луѓе на возраст од дваесетина години кои немаат никакво искуство во угостителството. Изнајмиле простор за настанот и го декорирале за сè да изгледа реално – на ѕидот имало слики од претседателот Кенеди како јаде, лажни стари менија, како и биста на „славниот Мерхан“.

„Имаше и луд оброк од четири јадења инспириран од животниот циклус на една крава… Исценираа и лажна веридба, имаше „обожаватели“ на Дерјк, пред улица со транспаренти за да се создаде илузија дека славните личности вечераат внатре, а 22-годишен сомелиер се бореше со секое шише вино да го отвори“, раскажува девојката.

Повеќето гости во одреден момент сфатиле дека нешто не е во ред.

„Логично, некои од нив беа лути што плаќаат за нешто што всушност е измама. Но, повеќето отидоа таму без никакви очекувања, па беа среќни да искусат нешто поинакво и забавно“, додава таа.

Во продолжение погледнете го видеото:

@nytcooking New York’s hottest club is… fake? #nycfood #nycrestaurants ♬ Remedy – Shaq Rayes

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот