ВИДЕО | „Џокерот“ на Тен Хаг донесе победа за Манчестер Јунајтед против Астон Вила

Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Maнчестер Јунајтед одново влегува во трка за место во топ четири во Премиер лигата откако вечерва славеше против Астон Вила со 1:3.

Избраниците на Ерик Тен Хаг врзаа три победи во низа и сега се на само „минус пет“ во однос на денешниот ривал кој е петти, но и шест помалку од Тотенхем на четвртата.

Јунајтед да дојде до посакуваната победа мораше да се намачи, а дербито во финишот донесе и многу тензија. До водство „црвените ѓаволи“ стигнаа во првото полувреме кога Хојлунд беше најснаодлив по еден корнер.

Тргна Астон Вила похрабро во второто полувреме и дојде до изедначување преку Даглас Луиз. Победничкиот гол на Јунајтед беше дело на Скот Мектоминеј за кого ова беше седми погодок сезонава во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот