Џими Кимел - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Џими Кимел раскажа што се случувало кога дознал за укинувањето на емисијата: „Мислев дека е крај“

Џими Кимел проговори за неодамнешното прекинување на неговото популарно ток-шоу, „Џими Кимел во живо“. Разговарајќи со Стивен Колберт во вторник вечерта, 57-годишниот водител се потсети на моментот кога дознал дека неговата емисија е одложена на неодредено време, пишува „Пипл“.

„Беше околу 15 часот. Ја снимаме нашата емисија во 16:30 часот. Јас сум во мојата канцеларија, пишувам како и обично. Телефонот ѕвони, од „Еј-би-си“ се. Велат дека сакаат да разговараат со мене. Невообичаено е“, рече тој за настаните од 17 септември. „Колку што знаев, тие дури и не беа свесни дека ја снимам емисијата… Имаше петмина во канцеларијата со мене, па единственото приватно место за разговор беше тоалетот“.

„Одам во тоалет и разговарам со раководителите на „Еј-би-си“, а тие ми велат: „Слушај, сакаме да ја смириме ситуацијата. Загрижени сме што ќе кажеш вечерва и решивме дека е најдобро да ја тргнеме емисијата од емитување вечерва“, продолжи Кимел, додека публиката во студиото гласно протестираше.

„Така и јас изрегаирав. Почнав да се жалам“, додаде тој. „Реков дека не мислам дека е добра идеја, а тие рекоа: „Па, ние мислиме дека е“. Потоа имаше гласање и изгубив. Па ги облеков панталоните, отидов во канцеларијата, ги повикав извршните продуценти, имаше деветмина, и реков: „Ја исклучуваат нашата емисија од емитување.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Kimmel (@jimmykimmel)

Кимел откри дека откако си заминал од состанокот, неговата сопруга му рекла дека изгледа побледо од комичарот Џим Гафиган. „Мислев дека е крај. Бев убеден дека никогаш нема да се вратам во етерот“, призна тој.

Тој додаде дека откажувањето на емисијата во последен момент ги искомплицирало работите бидејќи публиката веќе била сместена и снимањето требало да започне. Еден од гостите таа вечер, готвачот Кристијан Петрони, веќе почнал да го подготвува јадењето што требало да го претстави, а музичарот Хауард Џонс исто така чекал да настапи.

Кимел рече дека тие сепак го снимиле настапот на Џонс, иако ја испратиле публиката дома.

„Песната што ја изведе, бидејќи сепак решивме да ја снимиме, пред нашите разочарани вработени, беше „Работите само можат да бидат подобри“. Што може да се сфати на два начина, нели?“, се пошегува водителот.

Тој исто така се сети дека останал во студиото уште неколку часа пред да се упати кон дома, но кога конечно си заминал, го чекало изненадување.

„Ме следеа 20 автомобили на папараци, луѓе од ТМЗ ми скокаат на патот. Само се обидував да се вратам дома и си велам: „Дали воопшто треба да одам до мојата куќа?“ Мè следат два хеликоптери“, рече тој, додавајќи во свој стил: „Сè уште немав шминка, па затоа немав боја на косата. Тоа е нешто што не сакав Америка да го види.“

Кимел сподели дека неговото семејство е „шокирано“ од целата ситуација и опиша какви биле деновите по веста. „Беше како да ме сопреа за возење под дејство на алкохол во Лос Анџелес – три дена во притвор каде што не ми беше дозволено да кажам ништо. Морав само да седам таму и да воспоставувам и да одговарам на многу телефонски повици“, рече тој. „Беше многу љубезен што ми се јави… Буквално разговарав со сите што сум ги сретнал“, му рече тој на Колберт.

САД ги укинуваат визите за оние што ја слават смртта на Чарли Кирк

Шоуто на Џими Кимел се враќа на телевизија, Еј-би-си ја укина суспензијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот