
ВИДЕО | Џастин Бибер за првпат го покажа својот син: Новото емотивно видео собра над 1,6 милиони прегледи за само 12 часа
Џастин Бибер (31) влезе во ново поглавје во својот живот, и лично и професионално, а неговиот најнов музички спот за песната „Јукон“ е совршен пример за тоа.
Препорачано
Тоа е првиот сингл од неговиот тековен албум „SWAG“, во кој, покрај музиката, тој за првпат го вклучи и своето семејство. На пејачот во видеото му се придружуваат неговата сопруга Хејли Бибер (28) и нивниот син Џек Блус, кој деновиве треба да го прослави својот прв роденден, а видеото собра повеќе од 1,6 милиони прегледи на Јутјуб за само 12 часа.
Видеото е објавено истиот ден кога беа објавени номинациите за „Ем-ти-ви ВМА“ (MTV VMA) наградите, а фановите на социјалните мрежи веднаш го прогласија за најслаткото видео на годината. Црно-белите естетски и интимни снимки од секојдневните семејни моменти ги прикажуваат Џастин и Хејли како уживаат заедно на јахта, играјќи си со нивниот едногодишен син, чие лице не е целосно видливо во видеото.
Особено трогателна е сцената во која Џастин нежно го бакнува стапалото на момчето додека си играат во водата – сцена која брзо стана вирална, и иако досега внимателно ја чуваа приватноста на својот син, овој познат пар одлучи да сподели барем мал дел од својот семеен живот со публиката – но сепак на многу дискретен начин.
Насловот на новата песна исто така не е случајен, туку носи длабока лична симболика. Имено, „Јукон“ всушност е референца на автомобилот „Џи-ем-си Јукон“ што Хејли го возеше во 2018 година, отприлика во времето кога таа и Џастин ја обновија својата врска по кратка пауза.
Албумот „SWAG“, објавен на 11 јули, веќе постигна голем успех на музичката сцена – дебитираше на второто место на топ листите на Билборд со продадени повеќе од 160.000 примероци во првата недела, додека веднаш го освои првото место во Канада и во неколку европски земји.