Навивачите ја прославија победата на Англија против Иран/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Двајца англиски навивачи ја имаат најлудата приказна од Мундијалот во Катар

Двајца англиски навивачи ја имаат најлудата приказна од Светското првенство во Катар за која сме сигурни дека уште долго ќе се прераскажува. Имено, тие станаа хит на социјалните мрежи бидејќи барајќи пиво завршија во палата на Шеик.

Видоа мајмуни, лавови и егзотични птици. Алекс е навивач на Евертон, а за „талкСпорт“ раскажа како уживале за време на „потрагата со пиво“.

– Само добро се забавувавме и се шегувавме. Уживавме и баравме пиво кога ги сретнавме, а тие ни рекоа „Ќе организираме пиво“ – вели Алекс, додавајќи дека седнале во задниот дел од своето возило и завршиле во голема палата.

Во палатата бил и Џон со Алекс, кој го пофалил гостопримството на домаќинот. Тој вели и дека се сретнале со еден од синовите на шеикот кој ги однел низ палатата.

– Ни покажа каде ги чуваат лавовите. Го почувствувавме нивното добредојде и едноставно не може да биде подобро од ова – изјави Џон за „талкСпорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот