ВИДЕО | Драматичен натпревар во Серија А: Голманот на Лече се избори за пенал во 98. минута

Фото: EPA-EFE/ABBONDANZA SCURO LEZZI

Тимот на Лече се спаси од пораз против Болоња со гол во 98. минута од пенал кој беше направен врз голманот на домаќините.

Болоња до водство стигна во 68. минута преку Лукогинис и како што одминуваше времето изгледаше дека ќе ги освојат трите бода на ова гостување, меѓутоа во самата завршница се случуваше вистинска драма.

Се играа последните моменти од натпреварот кога голманот на Лече Фалконе дојде пред противничкиот шеснаесетник и врз него по еден прекин беше направен прекршок за најстрога казна.

Реализатор на најстрогата казна беше Пиколи за конечни 1:1.

Во натпреварите кои се играа подоцна Фиорентина им се врати на победите домашен терен против Салернитана со убедливи 3-0, додека Удинезе и Верона ремизираа 3:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот