Мигрант летал од Мароко до Шпанија со параглајдинг/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Досетлив мигрант летал од Мароко до Шпанија со параглајдер

Мигрант користел параглајдер за да премине од Мароко во Шпанија, избегнувајќи ја границата меѓу двете земји, објави Дејли мејл.

Видеото од инцидентот јасно го покажува младиот човек како удобно лета преку граничната оградата и влегува во шпанската енклава.

Се чини дека полетал од планината Џебел Муса во Мароко и слетал во областа Сиди Ибрахим во Сеута,  шпанска територија во Северна Африка.

Полицијата не можела ништо да направи освен да ги набљудува камерите. Кога пристигнала на местото на настанот, го пронашла падобранот на место со ниска вегетација.

Се верува дека ова е прв обид за преминување на границата меѓу Мароко и Шпанија со параглајдинг.

Шпанските власти не го идентификуваа мигрантот. Локалните медиуми, сепак, објавија дека станува збор за млад човек, на возраст од околу 20 години, кој го темпирал летот за да се совпадне со редовниот трансфер на мигранти од Сеута до континентална Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот