Лука Дончиќ („Лос Анџелес лејкерс“)/фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Дончиќ блескаше со 45 поени во победата на ЛА Лејкерс против Далас

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа Далас со 112:97 на гостински терен во НБА лигата.

Најзаслужен за триумфот на Лејкерси беше Лука Дончиќ кој запиша 45 поени, осум скокови и седум асистенции против својот поранешен клуб.

Словенецот доби прекрасен пречек од навивачите и клубот, со порака на секоја столица на која пишуваше „Ви благодарам за сè“, а Словенецот не можеше да ги задржи емоциите за време на двоминутното видео со неговите најдобри потези во дресот на Маверикс.

– После тоа видео, помислив дека нема да можам да одиграм натпревари. Толку многу емотивни моменти, само едноставно отидов и играв кошарка потоа – рече Дончиќ.

На спротивната страна за Далас прв стрелец беше Наџи Маршал со 23 поени (четири скокови, осум асистенции).

НБА лига, резултати:

Орландо – Бостон 96:76
Вашингтон – Филаделфија 103:122
Далас – ЛА Лејкерс 97:112
Торонто – Шарлот 126:96
Чикаго – Мајами 119:111
Јута – Портланд 133:126, 114:114 (1 п.)
Голден Стејт – Сан Антонио 111:114
Феникс – Оклахома 112:125
Сакраменто – Денвер 116:124
ЛА Клиперс – Хјустон 134:117

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот