ВИДЕО | Димов: Попис 2021 – „Не се плаши и не се срами од тоа што си Ром“ за системски трајни решенија

Нас како мрежа составена од 16 невладини организации заедничка цел е да им помогнеме со системски трајни решенија на нашите Роми. Работиме повеќе од 4 години со лицата кои се без документи. Добивме и Закон кој го поднесе Министерството за труд и социјална политика, заедно со нашата мрежа,а помогна и Министерството за правда. Нашата мрежа стана и промотор на многу работи кои се одвиваа и кои ќе се одвиваат, изјави во Утрински брифинг Зоран Димов, дел од мрежата „Системски трајни решенија“.

Се занимаваме со правните регулативи, економскиот, образовниот и социјалниот програм. Нашата мрежа работи активно и од почетокот на пописот. Имаме и кампањата „Не се плаши и не се срами од тоа што си Ром“. Сето ова е затоа што имаме сознанина дека е украдено од бројката на Ромите во пописот 2002. Сакаме да се вратат тие бројки, односно да се прикаже реалниот број на Роми. Ромите сфатија дека акциските планови и стратегиите се базираат врз бројките од населението, вели Димов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот