Фото: EPA/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

ВИДЕО: Димитров не издржа, се расплака откако го предаде мечот против Синер

Бугарскиот тенисер Григор Димитров имаше сè под контрола во осминафиналето на Вимблдон против Италијанецот Јаник Синер, но по два часа игра следуваше вистински шок на Централниот терен во Лондон.

Искуствениот Димитров, кој имаше водство од 2:0 во сетови против првиот светски рекет, беше принуден да го предаде мечот поради повреда. Очигледно скршен од болка, тој едноставно не можеше ниту да ја подигне раката, по што во солзи му соопшти на главниот судија дека не може да продолжи.

Во емотивениот момент за Димитров, тука беше и Синер кој му помогна да ја собере оперемата, а публиката го испрати со аплауз.

Димитров доминираше, па се повреди: Синер среќно до четвртфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот