Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Дерматолог открива три најдобри совети за нега на сува кожа во зима: Сами направете го најевтиното хридратантно средство

Американскиот дерматолог Шеран Идрис од Њујорк и основачка на компанија за нега на кожа неодамна откри три важни совети кои ќе ви помогнат да ја негувате сувата кожа оваа зима. Д-р Идрис сподели стручни упатства кои ќе ви помогнат да дејствувате превентивно и правилно да се грижите за сувата кожа во студените месеци, пишува „Дејли мејл“.

 

@shereeneidriss 3 Top Derm Tips for Dry Skin! ? #dryskin #dryskincare #dryskintips #dryskincareroutine #dryskinhack #hydratingskincare #hydrationtips #glycerin #dermatologist #shereeneidriss #dridriss @ShereeneIdriss ♬ original sound – ShereeneIdriss


„Како сертифициран дерматолог, ви велам да престанете да го миете лицето два пати на ден со средство за чистење“, предупредува таа на самиот почеток на нејзиното видео.

„Зачувајте го средството за чистење навечер и прескокнете го наутро, затоа што ако го правите тоа и навечер и наутро, прекумерно ќе ја истенчите и „излупите“ вашата кожа, особено кога воздухот е сè посув, а вашата кожа тоа ќе го мрази“, додава таа.

 

Д-р Идрис советува секогаш да избирате нежни средства за чистење со состојки како глицерин или церамиди кои и помагаат на кожата да ја задржи влажноста.

„Ако вашата кожна бариера е воспалена и чувствувате како да ви е затегнато и суво лицето, избегнувајте мириси во производите во овој случај“, истакнува дерматологот.

Доктор Ирис дополнително ве советува сами да направите свој посебен тип на хидратантно средство т. н. mist со глицерин за вашата кожа.

„Многу е лесно, набавете 100-процентен, чист глицерин во вашата локална аптека и измешајте го со вода во сооднос еден кон четири“, советува таа и предупредува дека мора да го разредите (разблажите).

Таа нагласува дека мора да го разредите бидејќи не треба да користите чист глицерин на вашето лице.

Смесата ставете ја во шише со распрскувач и испрскајте го лицето кога ќе посакате да го хидрирате и освежите.

Глицеринот е „природно соединение“ кое се добива од растително масло и животински масти, според „Хелтлајн“ (Healthline), и може да делува како хидратантно средство на кожата.

„И на крајот, ако сте мрзливи и мразите да користите средства со распрскувачи за хидрирање на кожата и да ја навлажнувате кожата во текот на денот, оставете го овлажнувачот да ја заврши работата наместо вас“, заклучила д-р Идрис, која советува да го чувате до вашиот кревет или работна маса и тврди дека ќе ја врати влагата во воздухот и ќе ја направи вашата кожа мазна и еластична.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот