Осман Дембеле/принтскин/твитер

ВИДЕО: Дембеле тајно се венчал, на свадбата повикал само еден фудбалер

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле тајно се венчал во четвртокот. Во период кога Дембеле се наоѓа во фокусот на фудбалската јавност бидејќи се согласи да потпише нов договор со Барселона, фудбалерот одлучи предногодинешните празнични денови да ги круниса со брак.

Засега нема многу детали за свадбата, само дека се одржала според муслиманска и мароканска традиција бидејќи избраничката на Дембеле е од Мароко.

На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, не се гледа ниту еден фудбалер, туку само дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, со кого Дембеле е колега од француската репрезентација.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот