фото: crvenazvezdafk.com

ВИДЕО: Црвена звезда убедливо славеше во дербито против Партизан

Фудбалерите на Црвена звезда вечерва го победија Партизан со резултат 4:0 (2:0) во натпреварот од деветтото коло во српската Суперлига.

Три гола за Црвена звезда на стадионот во Хумска постигна Шериф Ендиаје во 24 минута од пенал, 55 и 65 минута.

Силас Катомпа Мвумпа погоди еднаш во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Црвена звезда ја постигна првата победа на стадионот во Хумска по осум и пол години.

За прв пат во историјата на „вечните дербија“, Звезда на стадионот во Хумска го победи Партизан со резултат 4:0.

„Црвено-белите“ се на првото место на табелата во српската Суперлига со 22 бода, додека Партизан е деветти со 11.

Во следното коло Црвена звезда го пречекува Железничар, додека Партизан во Лучани ќе му гостува на Младост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот