
ВИДЕО | Легендарното кафуле „Централ Перк“ од серијата „Пријатели“ ќе се отвори на Тајмс Сквер во Њујорк
„Централ Перк Кафе-хаус“ (Central Perk Coffee Co.) ќе ги отвори вратите на Тајмс Сквер во Њујорк кон крајот на есента, а ова кафуле не само што ќе понуди врвно кафе, туку посетителите ќе имаат можност да уживаат во носталгичниот свет од серијата „Пријатели“.
Препорачано
„Централ Перк“, легендарното кафуле од серијата „Пријатели“ е на пат да стане реалност во срцето на Њујорк. По успешното деби во Бостон, „Централ Перк“ доаѓа на Тајмс Сквер и носи модерна верзија на најпознатото ТВ кафуле на сите времиња.
View this post on Instagram
Се очекува да се отвори кон крајот на есента 2025 година, а фановите на серијата ќе можат да влезат во носталгичниот свет на „Пријатели“. Гостите на кафулето ќе бидат пречекани од препознатливи детали – од портокаловата софа до амбиентот што го оживува духот на нивната омилена серија.
Ако некогаш сте сонувале да седите на иконскиот кауч и да пиете кафе исто како Рејчел, Моника, Чендлер, Џои, Рос или Фиби – ова кафуле ќе биде вистинското место за вас. Не го пропуштајте следниот пат кога ќе бидете во Њујорк.
Ќе има храна, знаеме кој ја готви
Менито е од познатиот готвач Том Коликио, кој претходно ја создаде бостонската верзија на „Централ Перк“. Менито ќе содржи специјални кафиња и разновидни фини закуски, а кафулето ќе има и агол со ексклузивни производи и шест оригинални, мешавини кафе што гостите можат да ги понесат дома.
View this post on Instagram
– „Пријатели“ е една од оние емисии што ги поврзуваат луѓето, генерација по генерација. Во срцето на таа приказна отсекогаш бил „Централ Перк“ – кафуле сместено во срцето на Менхетен, место за смеа, пријателство и незаборавни моменти. По топлото добредојде во Бостон, возбудени сме што го носиме „Централ Перк Кафе-хаус“ на Тајмс Сквер, токму таму каде што сè започна, рече Питер ван Роден, извршен потпретседател на Ворнер Брос.