epa09307955 Novak Djokovic of Serbia in action against Jack Draper of Britain during their first round match at the Wimbledon Championships tennis tournament in Wimbledon, Britain, 28 June 2021. EPA-EFE/NEIL HALL

ВИДЕО: Британските новинари го провоцираа Ѓоковиќ – што велиш на овациите за вакцина?

Новак Ѓоковиќ го победи домашниот играч Џек Дрејпер на „Вимблдон“, а по мечот го чекаше традиционална „провокација“ од британските новинари..

Српскиот ас се пласираше во второто коло на „Вимблдон“ со победа од 3:1 над Дрејпер, во меч кој го отвори славниот Грен слем на Централниот терен.

Така најдобриот тенисер на светот започна да го брани трофејот од 2019 година, а по мечот на прес-конференцијата, новинар се обиде да го испровоцира Ѓоковиќ со прашање за вакцините.

Победникот на 19 грен слем турнири лесно го совлада домашниот тенисер и покрај тоа што го загуби првиот сет, а мечот го заврши со дури 25 аса. Еден британски новинар беше заинтересиран за мислењето на Новак за тој податок, но и што мисли за овациите пред мечот упатени до Сара Гилберт, која го водеше тимот на научници од Оксфорд во создавањето на вакцината АстраЗенека.

Еден американски новинар имаше скандалозен коментар за тоа, дека Ѓоковиќ можеби го изгубил првиот сет поради аплауз за вакцината, алудирајќи на фактот дека Србинот одбива да објави дали ќе биде вакциниран против коронавирусот.

– Мислам дека го одиграв еден од најдобрите сервис мечеви досега на која било подлога. Мислам дека изедначив некој рекорд од оваа или минатата година во Австралија, некој ми го рече тоа. Имав и 25 аса во четири сета. Да, не можам бидам задоволен со сервисот на трева, која е најбрза подлога и може да се добијат многу брзи поени на првиот сервис. Џек добро играше, се бореше, ова беше единствена можност за него да игра на Централниот терен на „Вимблдон“, тој беше добар, тој имаше „брејк“ шанса да се врати на мечот, во некои моменти ме фати како „спијам“, го барав својот ритам и работата на нозете на тревата, беше малку лизгаво поради покривот, но јас сум задоволен од играта во другите три сета – рече Ѓоковиќ.

Кога одговараше на прашањето околу Сара Гилберт, Новак добро избегна провокација од новинарите.

– Што се однесува до второто прашање, не знам на кого алудираш. Слушнавме аплауз кога излеговме на терен, но не знам на кого беа упатени, да бидам искрен – додаде Ѓоковиќ, не давајќи им повод на Британците за сензационалистички наслови.

Ѓоковиќ со победа во четири сета ја започна одбраната на титулата на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот