бредли купер
Бредли Купер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Бредли Купер откри шокантни работи за себе: Татко ми секогаш беше гол дома и јас се туширав со него

Бредли Купер е сосема во ред со тоа да шета гол дома.

Актерот и режисер пораснал со татко кој бил секогаш гол во нивната куќа, па затоа има многу релаксиран пристап кон носењето облека зад затворени врати, пишува „Дејли мејл“.

Појавувајќи се на подкастот поткастот „Експерт за фотелја“ на Дакс Шепард, откако водителот рече дека неговото семејство е „постојано голо“, Бредли рече: „И јас исто“.

Актерот потоа додаде: „И, патем, јас бев таков. Не со мајка ми туку со татко ми. Татко ми секогаш беше гол, секогаш се туширав со него“.

Шепард го праша дали му е сосема удобно да биде гол.

„Целосно“, потврди Бредли.

Шепард потоа откри дека неговите ќерки Линколн (10) и Делта (9) редовно влегуваат во бањата додека вршат нужда, нешто со што Купер исто така може да се поврзе.

„Мојата спална соба, када, тоалет и кревет се во иста просторија“, објасни актерот.

„Дали тоа ѝ пречи на твојата ќерка? – праша Шепард.

„Не, не. Зборуваме кога јас сум во тоалет, а таа во када“, одговори Купер.

Инаку, Бредли ја има шестгодишната ќерка Леа со поранешната сопруга Ирина Шајк.

Ирина Шајк и Бредли Купер летуваат заедно: Дали се повторно во љубов?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот