ВИДЕО | Бразил за првпат по две децении остана без пласман на Олимписките игри

Фото:Selección Argentina

Репрезентацијата на Бразил нема да ја брани титулата на олимписките игри ова лето во Париз.

Во одлучувачкиот последен натпревар од третото коло од јужноамериканските квалификации, Бразил беше поразен од Аргентина со 0:1 и така остана без пласман во Париз.

Единствениот гол за аргентинската репрезентација до 23 години која ја води Хавиер Маскерано го постигна Лусиано Гондоу во 77-та минута. Аргентина натпреварувањето го заврши на второто место, додека Бразил остана трет со три бода.

Покрај Аргентина на Олимписките игри се пласираше и Парагвај кој во последниот натпревар ја совлада Венецуела со 2:0 и така го освои првото место со седум бодови. Венецуела од друга страна остана последна во групата со само еден бод.

Бразил освен златото пред три години во Токио, освои злато и на игрите во 2016 година во Рио Де Женеиро, а ова ќе биде првпат од 2004 да пропуштат едни Олимписки игри. Аргентина ja oсвојуваше титулата освојуваше во Атина 2004 и Пекинг 2008.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот