
ВИДЕО | Братот на Мишел Обама откри: „Мислев дека нивниот брак нема да трае ниту еден месец“
Братот на Мишел Обама, Крег Робинсон, откри дека првично се сомневал во врската на неговата сестра со поранешниот американски претседател Барак Обама. Двојката се запознала во 1988 година во Чикаго, додека работеле заедно во адвокатска фирма, Мишел тогаш била ментор на младиот Барак.
Препорачано
Четири години подоцна се венчале, а нешто подоцна ги добија двете ќерки, Малија и Наташа. Барак стана првиот афроамерикански претседател на САД во 2009 година, а во Белата куќа помина два мандати до 2017 година. Тој самиот призна дека претседателството оставило трага на нивниот брак.
„Мислев дека нема да трае ниту еден месец“
Во неодамна емитуваната епизода од неговото гостување во поткастот на Мишел Обама, Крег се потсети на почетоците, откако слушнале за Барак се до нивното запознавање.
„Мишел почна да излегува со Барак, а ние немавме поим кој е овој човек“, рекол Крег и додал: „Мислев дека ќе трае еден месец како и другите нејзини врски. И тоа име – Барак? Какво име е тоа?“ Мишел му возврати со смеа: „Тоа не е вистина. Имав и сериозни врски“.
„Јас навистина не би ги нарекол момчиња“, одговорил нејзиниот брат.
Тој се присети и на моментот кога Барак првпат дошол да го запознае семејството.
„Се сеќавам дека мајка ми прво рече: „Барем е висок“. Тоа беше нејзиниот прв коментар бидејќи Мишел беше позната по тоа што избираше пониски момци“.
Иако на почетокот бил скептичен, врската на Мишел и Барак не само што траеше, туку стана и еден од најпознатите и најстабилните бракови на американската политичка сцена. Сепак, со години се шпекулираше за можен развод.
Мишел се осврна на гласините за развод
Како гостинка во поткастот на актерката Софи Буш, Мишел неодамна проговори за својот живот по напуштањето на Белата куќа.
Таа истакна дека сега првпат во животот одлуките ги носи исклучиво за себе.
„Интересно е што кога велам „не“, повеќето луѓе го прифаќаат тоа и јас сум сосема добро со тоа“, рече Мишел.
„Но, како жени, често се бориме да не сакаме никого да разочараме“.
Таа исто така објасни како токму овие лични одлуки ги поттикнале гласините за развод бидејќи општеството не знае на друг начин да го објасни изборот на жените освен преку драма и скандал.
„Луѓето не можеа да поверуваат дека јас едноставно донесувам одлуки за себе, па автоматски претпоставуваа дека се разведуваме“, додаде таа.
Барак Обама проговори за брачната криза со Мишел: „Се обидувам да се извадам така што…“