фото: EPA-EFE/NEIL HALL

ВИДЕО: Брајтон избори историски пласман во Европа

Фудбалерите на Брајтон имаат одлична сезона во Премиер лигата, во 37 коло на домашен терен го совладаа Саутемптон со 3:1.

На тој начин, на едно коло до крајот на сезоната играчите на менаџерот Роберто Де Ѕерби се изборија за место на меѓународната сцена, односно најверојатно во групите на Лига Европа.

Во текот на првото полувреме домаќините водеа со головите на Фергусон реализирани во 29 и 40 минута.

За гостите во вториот дел намали Елјунуси во 58 минута, а конечниот епилог го постави Грос (69`).

Брајтон се наоѓа на шестата шпзоцока со 61 освоен бод, а што се однесува до Саутемптон кој е веќе испаднат од Премиер лигата со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот