
ВИДЕО | Брачен пар потрошил 19.000 евра на луксузно крстарење, па доживеал патување од кошмарите
Наместо да се памети како авантура на целиот живот, луксузното европско речно крстарење за Џон (78) и Розмари Кас (77) се претвори во низа непријатности и разочарувања.
Препорачано
Откако Џон се опоравил од сериозна болест, двојката решила да се почести и платила речиси 19 илјади за 15-дневно крстарење со „Вајкинг ривер крузес“. Но, она што требаше да биде патување од соништата се претворилоо во пекол.
Тие уште во првите неколку дена се соочиле со неподнослива топлина. Топлотен бран ја погоди Европа, а клима уредите на бродот престанале да работат. Персоналот ги советувал да не ги отвораат вратите од кабините, за да не влегуваат инсекти во собите, и тие биле заробени во жештината.
По пет дена, патниците морале да бидат префрлени на друг брод поради ниското ниво на вода. Но, ситуацијата таму не било ништо подобра, клима уредот повторно не работел, а температурата во нивната кабина достигна 30 степени. Покрај тоа, таванот почнал да протекува.

Кога решиле да се пожалат кај капетанот, тензиите се зголемиле.
„Морав да ја задржам Розмари за да не се кара со него“, признал Џон, додека неговата сопруга додала: „Имав нешто да кажам, воопшто не бев среќна“.
Речиси сите патници се разболеле
Како да не беше доволно сето тоа, патниците на бродот се разболувале низ целото патување. Двојката се заразила и го поминала остатокот од крстарењето во кревет, исцрпени и со висока температура.
„Одев по ходникот и кашлав во секоја соба. Немаше бегање“, се присетил Џон.
По враќањето дома, им бил дијагностициран бронхитис.
Директорот на крузерот нуди „извинување“
Двојката одлучила да се пожали кај компанијата. Розмари напишала писмо лично до директорот на „Вајкинг ривер крузес“, но како „извинување“, добија само околу 860 евра попуст на нивното следно крстарење.
Незадоволни од овој одговор, се обратиле до локалната телевизиска станица „Даблју-ес-би“, па по медиумскиот притисок, компанијата понудила нов договор, но под услов да потпишат договор за неоткривање информации. И покрај сè, тие велат дека им останал горчлив вкус во устата.
„Веќе не сум ни лут. Тоа е готово. Сега сум само длабоко разочаран“, рекол Џон.