Д-р Иво Босилков, Фото: Архива

ВИДЕО | Босилков: „МојГрад“ е платформа за директна демократија – колективно изнаоѓање на практични решенија за урбаните предизвици

Зелените партии се враќаат на сцена како резултат на целиот колапс на животната средина на локално ниво и на климатскиот колапс на глобално ниво. Луѓето стануваат свесни за тоа кај нас и го гледаат тоа во секојдневниот живот. Можеме колку сакаме да да зборуваме за други теми, но ако ги немаме основите за здрав живот преку здрава животна средина, тогаш не можеме да одиме нагоре, изјави во Утрински брифинг др. Иво Босилков.

Зелениот активизам е активизам на „улицата“. Тоа е е долго време една одлика на зелената идеологија – да се биде на улица, да се биде заедно со народот.

Целиот политички проект, платформата „МојГрад“ е идеја за критичко размислување. Сакаме да наметнеме нови стандарди во однос на политичкото размислување, ставови кои не се поврзани исклучиво со наредните избори, што е стандард во конвенционалната политика. „МојГрад“ како платформа која што е виртуелен простор за размена на мислење и предлагање на политики и плебисцитарен принцип за одобрување на тие политики е нешто е во континуитет, што се случува секој ден, секој час, бидејќи е онлајн и на тој начин тој дијалог кој ни недостасува на нас граѓаните е фокусиран таму, но и е фокусиран и на изнаоѓање на решенија.

Првиот предизвик е утре. Првиот предизвик е тој прв Совет откако ние го воспоставивме овој систем за интеракција помеѓу институциите на градот и обичните граѓани. Разликата е што партискиот модел на преставување на граѓаните е демагогија, бидејќи постои недостаток на континуирана контрола и транспарентност. Партиите викаат – ние ви ветуваме дека во наредните четири години ќе правиме тоа и тоа, а вие после четири години видете дали тоа сме го направиле и гласајте за нас. Искуството вели дека во тие четири години се случува хаос – системот те толчи па дури и оние кои што влегле со некаква искрена намера да променат нешто, вели Босилков.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот