фото: EPA/LUIS GANDARILLAS

ВИДЕО | Боливија го победи Бразил и ќе игра во плејофот за пласман на Светското првенство

По драматичниот крај на натпревар од јужноамериканските квалификации и победата од 1:0 над Бразил што беше прославена низ целата земја, фудбалската репрезентација на Боливија ќе игра во плејофот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Боливија дојде до триумфот со голот на Мигелито кој беше прецизен од пенал пред крајот на првото полувреме (45+4`).

Боливија ја забележа својата прва победа против Бразил во 1993 година, а може да се пофали со импресивен учинок: во последните седум домашни натпревари против петкратните светски шампиони, има четири победи, два нерешени резултати и само еден пораз.

Девет голови во Венецуела и победа на Колумбија

Колумбиската репрезентација триумфираше со дури 6:3, а еден од најзаслужните за победата беше Луис Суарез кој постигна четири гола. Пред него, ова го постигнале и фудбалски великани како Зико, Карека, Иван Заморано, Ромарио и Луис Суарез од Уругвај.

Со вкупно девет гола, рекордот за најмногу постигнати голови во еден квалификациски натпревар од КОНМЕБОЛ беше израмнет. Истиот резултат претходно се случи три пати: Еквадор – Аргентина (3:6) во 1960 година, Венецуела – Перу (3:6) во 1965 година и Чиле – Колумбија (7:2) во истата година.

Репрезентациите на Аргентина, Бразил, Еквадор, Колумбија, Парагвај и Уругвај обезбедија пласман на Мундијалот следната година, а во плејофот ќе игра Боливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот