Фото: Принтскрин/Икс

ВИДЕО | Бизарно: Доџа Кет буквално го изеде целиот кармин на црвениот тепих на доделувањето на „Ем-ти-ви“

Музичката ѕвезда Доџа Кет уште еднаш докажа дека е кралица на црвениот тепих кога станува збор за неочекувани потези. На синоќешното доделување на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди, пејачката ја шокираше публиката кога буквално го изеде карминот.

Пејачката се појави на црвениот тепих во впечатлив фустан од „Балмејн“, со голема фризура и со торбичка за кармин, дело на „Џудит Лајбер кутјур“. Нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на фотографите и медиумите.

 


Додека позираше за фотографии, Доџа извади кармин од чантата за да го нанесе на усните. Но, наместо вообичаеното дотерување на шминката, следеше шокантен момент – таа одгриза големо парче кармин и го изеде.

 


Еден од новинарите подоцна ја прашал каков вкус има карминот, на што таа кратко одговорила: „О, беше вкусно“.

Секако, овој необичен потег предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

„Каква кралица“, „Потег на икона“, „Девојко, зошто јадеш кармин?“, „Ова е шокантно дури и од неа!“ и „Добро, ова е навистина чудно“, се само дел од коментарите.

 

ФОТО+ВИДЕО | Триумф на Лејди Гага и Аријана Гранде на доделувањето на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди

ВИДЕО | Мараја Кери носеше на себе 10 милиони долари, а сите зборуваат за бизарната сцена што ја направи на „Ем-ти-ви“ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот