
ВИДЕО | Бетис во одлична серија, Билбао го продолжува патот кон Лигата на шампионите
Фудбалерите на Бетис ја продолжија серијата на добри резултати и го совладаа Лас Палмас со 1:0 во Ла Лига.
Препорачано
Домашните потешко од очекувањата постигнаа гол против Лас Палмас. Првата шанса ја имаше Родригез во 44 минута, но Силесен одлично одбрани.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Диего Љоренте во 65 минута. Иско имаше шанса да се запише во листата на стрелците од пенал во 95 минута, но Силесен го прочита неговиот слаб удар и го одбрани.
Бетис дојде до третата победа во низа и сега е на шестото место со 41 бод, додека Лас Палмас е претпоследен со 24 бодови.
Билбао и Мајорка одиграа неинтересен дуел на кој двата гола стигнаа во рок од две минути. Првиот гол за гостите од Мајорка го постигна Раиљо во 56 минута, а само две минути подоцна Нико Вилијамс израмни и го постави конечниот резултат (1:1).
Билбао го продолжува кон Лигата на шампионите, сега е четврти со 49 бодови, додека Мајорка е седма со 37.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
52мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5