Бед Бани - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Бед Бани одговори на критиките за неговиот настап на Супербол: „Имате четири месеци да научите шпански“

Познатиот порторикански рапер Бед Бани одговори на негативните коментари за неговиот претстоен настап на Супербол. Раперот ја започна 51-та сезона од шоуто „Saturday Night Live“ со двојазичен монолог каде што го спомена настапот на полувремето на Супербол, а посебно внимание привлече неговиот коментар упатен до десничарите, кои се спротивставија на неговиот настап на овој настан, пренесува „Билборд“.

„Многу сум среќен и мислам дека сите се среќни поради тоа. Дури и ‘Фокс њуз’“, рече музичарот.

Потоа „Сатрдеј најт лајв“ емитуваше исечоци од конзервативниот информативен канал, во кој се критикуваше НФЛ за ангажирање изведувачи на шпански јазик, особено привлекувајќи внимание на неодамнешните коментари на Бед Бани за тоа дека не оди на турнеја низ САД од страв неговите обожаватели да не се соочат со Службата за имиграција и царина (ICE).

Но, наместо да емитува вести од новинарите Шон Ханити и Лора Инграм, „СНЛ“ ги скрати коментарите на конзервативните водители за да можат заедно да кажат: „Бед Бани е нашиот омилен музичар и тој треба да биде следниот претседател“.

Потоа Бед Бани изговори неколку срдечни зборови на својот мајчин јазик, заблагодарувајќи им се на оние кои се навистина возбудени за неговиот претстоен настап на Супербол.

„Особено до сите Латиноамериканци од светот тука во Соединетите Американски Држави, кои работеа на „отворање на вратите“. Ова е повеќе од победа за мене, тоа е победа за сите нас. Нашите отпечатоци и нашите придонеси за оваа земја, никој никогаш нема да може да ги одземе или избрише“, рече тој на шпански јазик.

Потоа проговори на англиски, каде што подбивно им кажа на десничарите да учат шпански.

„Ако не разбравте што штотуку реков, имате четири месеци да научите“, додаде тој.

За потсетување, Бед Бани ќе настапи на полувремето од Супербол, кој ќе се одржи во недела, 8 февруари 2026 година, на стадионот Levi’s во Санта Клара, Калифорнија.

По месеци шпекулации, објавен е изведувачот на полувремето на Супербол 2026: Бед Бани ќе биде ѕвездата на вечерта

ВИДЕО | Американска новинарка остро ја критикуваше НФЛ за изборот на Бед Бани за Супербол: „Тој ги мрази САД“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот