Фото: EPA-EFE / Greg Nash / POOL

ВИДЕО | Бакнежот меѓу Меланија Трамп и гувернерот на Калифорнија ги „запали“ социјалните мрежи и предизвика бурни шпекулации

Видеото на кое е фатен моментот меѓу првата дама Меланија Трамп и гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Претседателот Доналд Трамп и Меланија беа се снимени како излегуваат од авион при пристигнувањето во Калифорнија, каде што се сретнаа со гувернерот на Калифорнија.

Меланија тогаш воодушевено доби бакнеж во образ од Њусом, а тој момент брзо стана вирален, а на интернет кружат бројни гласини, пишува „Дејли Мејл“.

Ова доаѓа откако првата дама беше обвинета дека избегнала бакнеж од нејзиниот сопруг на инаугурацијата, но многумина тврдат дека тоа било затоа што нејзината капа едноставно била преголема.

Меланија и овој пат носеше впечатлива капа, но се чинеше дека без проблем прифатила бакнеж од гувернерот на Калифорнија.

Сега некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека Меланија изгледала поопуштено со Њусом отколку со нејзиниот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот