Фото: EPA-EFE/Boris Streubel/POOL

ВИДЕО: Баерн ита нова титула, ја доби битката во Берлин!

Вечерва во првиот натпревар од 20 коло во најсилното германско првенство Баерн Минхен минимално славеше на гостувањето кај Херта Берлин со резултат 0:1 (0:1).

За баварскиот гигант ова беше вкупно 15 триумф сезонава во Бундеслигата и полека, но сигурно ита кон 31 титула во неговата историја.

Моментно водечки е составот на Ханси Флик со 48 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Лајпциг кој својот меч ќе го има в сабота на гостувањето кај Шалке.

На „Олимпискиот стадион“ во Берлин во снежни услови единствениот гол го реализираше Коман во 21 минута после асистенцијата на Милер.

Претходно во 12 минута пенал за гостите не реализираше полскиот интернационалец Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот