Фото: Принтскрин/ Фејсбук

ВИДЕО | Австралијка го прослави својот 110 роденден и ја откри тајната на долговечноста: 60 години секој ден пие пиво

Австралијката Бриџит Грок од Перт неодамна го прослави својот 110 роденден, а сега ја откри тајната на нејзината долговечност.

Бриџит е родена на 18 ноември 1914 година. Таа беше едно од седумте деца во семејството, а поради работата на татко ѝ како машиновозач, тие често се селеле. Кога се родила Бриџит, започнала Првата светска војна, а нејзината мајка се грижела за семејството со едната рака бидејќи другата ја изгубила во несреќа.

Таа откри дека, покрај вежбањето и здравата исхрана, нејзината тајна за долг живот е и пивото. Имено, таа во последните 60 години секој ден го пие истиот пијалок, пивото „Ему Експорт“ кое содржи 4,2 отсто алкохол и е едно од најпопуларните пива во Австралија.

„Да има куп пиво пред мене и некој да ме праша кое ми е омилено, секогаш би го издвоила Ему“, рекла оваа симпатична баба, пренесува „LADbible“.

На прашањето каков вкус има нејзиниот утрински пијалак, Бриџит без размислување одговорила: „На пиво!“

Таа тврди дека секое утро пие по една лименка од ова пиво, но смета дека за нејзината долговечност е заслужно и нешто друго:

„Мислам дека ако си добар со нив, луѓето ќе бидат добри со тебе“, изјавила таа.

Нејзината ќерка Јан Робертсон изјави дека нејзината мајка има одлична смисла за хумор и позитивен пристап кон животот и дека тоа ѝ помогнало да остане млада во срцето и покрај нејзината возраст.

Иако има 110 години, Бриџит не е најстарата Австралијка на светот. Пет месеци постара од неа е Лорна Хенстриџ од Бордертаун, која рече дека за нејзината долговечност е заслужно вежбањето и добрите гени.

Најстарата личност на целиот свет е Томико Итока, која има 116 години и живее во старечки дом во Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот