фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

ВИДЕО | Атанасов: Клучно за нашата победа беше одбраната во второто полувреме

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од Борац од Бања Лука (67:61) и победнички го заврши настапот на АБА2 турнирот во Златибор.

Екипата од Аеродром против босанскиот претставник имаше две одлични четвртини, првата и третата, на крајот доволно за трета победа во пет одиграни кола од регионалното натпреварување.

Моментно на табелата водат Широки Бријег и Суботица со по девет бодови, следуваат МЗТ Скопје Аеродром и Подгорица со по седум.

– Клучно за нашата победа беше одбраната во второто полувреме, особено во третата четвртина во која стигнувавме до лесни поени. Не можам да кажам дека игравме добра одбрана во првото полувреме. Победа си е победа, за нас добар крај на овој „балон“, и се надевам само дека така ќе продолжиме – рече тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов по завршувањето на мечот против Борац Бања Лука.

Од останатите македонски претставници во АБА2 лигата, в недела од 15.00 часот, ТФТ Моцарт ќе игра против словенечкиот Хелиос од Домжале, а три часа подоцна битолски Пелистер за противник ќе го има домаќинот на овој турнир, екипата на Златибор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот