фото: EPA/ANDY RAIN

ВИДЕО | Арсенал пукна „петарда“ против Лидс, Тимбер и Ѓекереш по два гола на „Емирати“

Фудбалерите на Арсенал го победија Лидс со 5:0 на домашен терен во Лондон вечерва, во второто коло од Премиер лигата.

Стрелци за Арсенал беа Јуриен Тимбер во 34 и 56 минута, Букајо Сака во првата минута од судиското продолжение на полувремето и Виктор Ѓекереш во 48 и од пенал во петтата минута од судиското продолжение.

Во првото коло, Арсенал го победи Манчестер јунајтед на гостински терен (1:0), додека Лидс славеше дома против Евертон (1:0).

Арсенал, кој моментно го зазема првото место на табелата, ќе гостува кај Ливерпул во следното коло, додека Лидс ќе го пречека Њукасл.

Сите голови на Арсенал во победата над Лидс можете да ги погледнете на видео записот:

ВИДЕО | Брентфорд ја совлада Астон Вила – победи на Барнли и Борнмут во Премиер лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот