ВИДЕО АНКЕТА: Што би студирале на УКИМ идните студенти?

Средношколците заинтересирани за сутдирање на УКИМ/Фото: Слободен печат

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организираше „Отворен ден“ за матурантите кои по завршувањето на средното училиште планираат да го продолжат образованието на најстариот и најголемиот универзитет во државава.

Идните студенти денеска имаа шанса да се запознаат со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практиканството, како и со многу други прашања поврзани со студентскиот живот директно од професорите.

Анкетата која ја направи „Слободен печат“ на Филозофскиот факултет при УКИМ покажа дека има голем интерес за студиите по психологија, а примамливи се и студите по логопедија, филозофија, педагогија итн.

На средношколците им се допаѓаат условите за студирање и повеќето би останале да живеат и работат во Македонија по завршувањето на студиите.

Погледнете ја анкетата на колешката Агнеса Чаволи:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот