ФОТО: Screenshot

ВИДЕО АНКЕТА | Младите едногласни: Ги користиме социјалните мрежи, но свесни сме за ризикот од дезинформации

Лагите кои се шират преку медиумите можат да наштетат на секој од нас, па затоа и секогаш мора да се има на ум дека протокот на информации на социјалните мрежи е далеку побрз од информациите кои можат да се пронајдат на традиционалните медиуми, а нивното влијание е поголемо, со оглед дека виртуелниот свет има неколку милијарди активни корисници.

Дека сите социјални мрежи се погодни за поставување на лажни и непроверени информации, зборува фактот дека денес секој може да отвори профил на Фејсбук, под кое било име, а неретко се отвараат и лажни профили. Социјалните мрежи се злоупотребуваат и за ширење на говор на омраза, закани па и уцени, за што пак се одговара и кривично.

Дезинформациите станаа секојдневие, па младите Скопјани пред камерата на „Утрински печат“ искрено проговорија дали и колку им веруваат на информациите пласирани на социјалните мрежи?

-На социјалните мрежи им верувам делумно, не секогаш во целост. Најчесто ја користам апликацијата на Инстаграм, иако знам дека нема секогаш точни информации, вели еден млад Скопјанец.

Веродостојноста на информациите постојано се намалува, па новите генерации се’ повеќе се свесни за ризиците од дезинформациите на мас-медиумите.

-Не верувам на се’ што ќе прочитам на интернет, имам навика претходно да ги проверам информациите. Има многу лаги, кај нас речиси секоја информација на социјалните мрежи ја разбирам како вид на пропаганда за одредени цели, потенцираше уште еден анкетиран граѓанин.

Целата анкета можете да ја проследите на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот