ВИДЕО | Андоновиќ: Израел нема по секоја цена да ги ослободува заложниците на Хамас

Соединетите Американски Држави повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Хамас ја осуди одлуката на САД, велејќи дека израелската окупација има за цел „убивање и раселување“ на Палестинците.

Израелската армија не запира со воените операции во сите делови на Газа, тие дејствуваат од копно, од море и од воздух, особено во областа Кан Јунис, на југот на енклавата, каде, се смета дека е лоцирана главната база на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за финансии Безалел Смотрич изјавија дека Израел нема да плаќа никаква цена во замена за ослободувањето на заложниците кои сè уште ги држи Хамас во Газа.

Смотрич оцени дека враќањето на 134-те заложници е „многу важно“, но дека нивното ослободување не може да биде условено „по секоја цена“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека уште три војници загинале во борбите во Појасот Газа.

Бројот на загинатите израелски војници од почетокот на копнената операција во Газа се искачи на 237, соопшти израелската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот